Обилните наноси на камења, земја, дрвја и кал, кои предизвикаа неколкучасовен прекин на сообраќајот на пругата Ѓорче Петров –Кичево, неполни два километра пред Тетово, се отстранети.
Нормалното одвивање на железничкиот сообраќај кон Кичево деновиве беше отежнато поради обилните врнежи од дожд и невремето кое го погоди тетовскиот регион на делот на Поројска река.
-Со вонредни напори на механизацијата и екипите на ЈП МЖ Инфраструктура успешно го отстранија големиот нанос од камења, земја, дрвја и кал и сообраќајот повторно беше нормализиран, кој поради претпазливост се одвиваше намалена брзина од дозволеното. Според првите проценките штетата која е направена на оваа железничка линија е околу 15 илјади евра, соопштуваат од ЈП Македонски Железници –Инфраструктура Скопје.
Екипите на ЈП МЖ Инфраструктура се на терен и интензивно работат на целосно регулирање, расчистување на последиците и оштетувањето на пругата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.