Околу 1.400 лица се евакуирани во текот на ноќта поради пожарот што избувна во шпанскиот регион Естремадура, соопштија локалните власти.
Утрово во девет часот во локално време огнот сè уште не беше совладан, а интеревенцијата на пожарникарите беше отежната од силните налети на ветрот. Авионите за гаснење на пожарот интервенираа во текот на утрото, пренесува, Фена.
Жариштето се појави во четврток околу пладне во оваа комуна во планинската област.
Спасувачите евакуираа 1.400 жители кои беа под закана од пожарот, како и еден камп. Црвениот крст ја презеде грижата за 700 луѓе.
Министерството за земјоделство предупреди дека денеска е зголемен ризикот на пожари. Шумските пожари од почетокот на годината во Шпанија уништија повеќе од 54 илјади хектари земјиште,што е повеќе од двојно во последните две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.