Северна Кореја денеска најави дека следната недела ќе воведе своја временска зона, така што актуелното време ќе го врати назад за 30 минути.
Локалното време во Северна Кореја и Јужна Кореја и Јапонија е исто, девет часа понапред од Гринич, кое е воведено од Јапонија додека управувала со Кореја од 1910 до 1945 година.
Новата временска зона ќе почне да се применува на 15 август, на 70-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонското управување и крајот на Втората светска војна.
Професорот по севернокорејски студии на Универзитетот во Сеул, Јанг Мо-јин истакна дека ваквиот потег на Пјонгјанг веројатно има за цел со антијапонските националистички чувства да се зајакне лидерството на Ким Јонг-ун.
Јужна Кореја тврди дека ја користи истата временска зона како Јапонија, бидејќи е попрактично и согласно меѓународната пракса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.