| четврток, 6 декември 2018 |

Седум видови луѓе што ве полудуваат на плажа

plaza

1. Шетачки продавач

plaza-prodavac-foto-profimedia-1438878049-715173

Проблем: Лежите на плажата и мислите ви „одлетале3 кога одеднаш го слушате нападниот глас на продавачот: „Часовници, убави часовници!“ „Ви требаат очила за сонце?“ Тоа може да биде непријатно особено ако имате деца – бидејќи ним тие лажни „Рејбан“ очила баш им се допаѓаат и ги сакаат по секоја цена.

Решениe: Бидејќи на децата веќе им го привлекол вниманието и сте принудени да влезете во разговор, прво прашајте дали очилата се оригинал. Вие знаете дека не се, но сакате децата да видат како продавачот се „препотува“. Ако успее да се извлече, пробајте со прашањето за нивното потекло и начинот на производство. Брзо ќе му станете здодевни.

2. Големо семејство

5134780203_5db98d6b60_b

Проблем: Покрај вас се сместило многубројно семејство со мали деца кои врескаат и плачат бидејќи им е топло, па се гладни, па водата им влегла во очите, па морето им е студено, па меѓусебно се степале и така во недоглед. Родителите одмамна се откажале од мешањето во детските работи и само ги игнорираат.

Решение: Ако кажете дека во близина има добро кафуле со супербрз интернет, деацата ќе ги „малтретираат“ родителите се додека не се согласат да ги однесат таму за да можат да играат игри на интернет или да ги споделат фотографиите од одморот со пријателите од училиштето.

3. Возбудена млада двојка

plaza ohrid

Проблем:
 Докажано е дека сончевата светлина и топлината ја зголемуваат сексуалната желба, но дали мора да ги гледата во непосредна близина двајцата вљубени кои не се симнуваат еден од друг, се бакнуваат, допираат? Во најмала рака ви е непријатно.

Решение: Зграпчете го фотоапаратот и кажете дека правите кастинг за „порно филм“, а дека токму тие имаат потенцијал.

4. Разголени пензионери

ea9243fa4ce06821e7cd9b8ca1531953

Проблем: Правило е, за жал, најслободни на плажа да се чувствуваат оние кои од естетски причини би требало да бидат најоблечени. Група пензионери се пресоблекуваат покрај вас од еден костим за капење во друг, бидејќи, имено, ги чуваат своите репродуктивни органи.

Решение: Нападот е најдобра одбрана. Ако не сте срамежливи, а посакувате авантура, почнете и вие да го соблекувате костимот за капење и притоа викајте: „Слободааа! Се чувствувам толку слободно!“.

5. Спортски реакреативци

18884-18130

Проблем: Тие се непријатни ако на плажата сте дошле опуштено да лежите и да се сончате. Без разлика дали си дофрлаат фризби, играат фудбал или бадминтон, секогаш се во акција, а тоа значи и по некоја топка која ќе ве удри по главата или вашата крпа ќе биде полна со песок.

Решение: Ветете му на вашето дете дека ќе му купите сладолед ако ги праша дали може со нив да игра, а тогаш нека им ја уништи целата концепција. Или обратете и се на спортската група со совет дека во близина имаат спортско игралиште, каде сигурно ќе им биде подобро да играат. Би требало да ја сфатат поентата.

6. Пластична барбика

5084

Проблем: Плажата е нејзина модна писта. Постојано го мести своето минијатурно бикини и проверува дали е се на своето место. Се мачка со масло за сончање за да и блеска кожата. Таа ужива да биде во центарот на вниманието.

Решение: Кажете дека и вие минатото лето сте се мачкале со такво масло, а сте „заработиле“ само сончеви пеги од кои едвај сте се ослободиле. Барбиката во истиот момент ќе истрча накај апартманот, каде ќе помине барем два часа проверувајќи го секој сантиметар од нејзината кожа во огледалото.

7. Бизнисмен

biznismen-plaza-foto-profimedia-1438879342-715199

Проблем: Одмор од работата на плажа? Не и за големиот менаџер. Тој седи покрај вас со вклучен лаптоп и веќе половина час преговара на телефонот со странките и вработените. Толку е гласен и енергичен така што сите околу него сфатиле со што се занимва и какви проблеми има.

Решение: „Случајно“ спрепнете се од неговиот лаптоп и извинете се додавајќи дека на такви скапи апарати не им е местото на плажата.

 

Извор: Bild/Kurir.rs

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top