| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката Влада ќе расправа за зголемениот прилив на имигранти

бегалци

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе претседава со владин состанок на кој ќе се разговара за начините за соочување со зголемениот прилив на бегалци во земјата, јави дописникот на МИА од Атина.

Средбата ќе се одржи во канцеларијата на заменик-министерот за миграциска политика Тасија Христодулопулу, а ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи Никос Вуцис, за надворешни работи Никос Коѕиас, државниот министер за координирање Алекос Фламбурарис, заменик-министерот за цивилна заштита Јанис Панусис, заменик-министерот за одбрана Димитрис Вицас и владиниот портпарол Олга Геровасили.

Ципрас вчера телефонски разговараше со европскиот комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос, кој го повика грчкиот премиер веднаш да назначи орган кој ќе биде одговорен за собирање на финансиска помош од ЕУ за справување со имиграцијата.

-Итните фондови на ЕУ се наменети за обезбедување на услуги за азил, за управување со миграциските текови и центри за засолнување, обезбедуваат цивилна заштита и многу повеќе – нагласил Аврамопулос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top