Американски таблоид на својата насловна страница објави шокантни фотографии од безживотното тело на ќерката на Витни Хјустон, Боби Кристина Браун. Фотографијата, наводно, ја направил некој од членовите на семејството, а по објавувањето во магазинот „Нешнл енкваирер“ (The National Enquirer) односите меѓу семејствата Хјустон и Браун дополнително се влошиле затоа што двете страни се обвинуваат меѓусебно поради инцидентот.
Последната фотографија од Боби Кристина таблоидот ја купил за 100.000 долари, а уредничкиот тим решил да ја објави на насловната страница. Но списанието отишло еден чекор подалеку, па покрај фотографијата од починатата Боби Браун, ставена е и фотографија од Витни Хјустон во мртовечки сандак.
Морбидните фотографии се објавени и на официјалниот сајт на таблоидот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Досега невидени снимки од животот на Витни Хјустон: Се снима филм за починатата пејачка
-
И Витни Хјустон не била невина – го изневерувала сопругот со кого ќе стигнела
-
Објавени се резултатите од обдукцијата на Боби Кристина Браун
-
Откриена тајната на смртта на Боби Кристина: брутално претепана и оставена да вреска