| четврток, 6 декември 2018 |

Турската полиција уапси 33 припадници на ПКК

турска

При „антитерористичка операција“ на турските безбедности сили против сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) во четири окрузи во Турција, денеска се уапсени 33 осомничени припадници на групата, објави интернет изданието на весникот „Хуриет Дејли Њуз“.

Акцијата започнала рано изутринава во окрузите Адајаман, Шарнак, Газиантеп и Истанбул.

Според весникот, во Адајаман се упасени 13 осомничени припадници на ПКК, во Газиантеп девет, во Истанбул седум и во Шарнак четири.

При операцијата се запленети и оружје и муниција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top