| четврток, 6 декември 2018 |

Поради салмонела се повлекува од продажба меленото пилешко месо на „Ледо“

Хрватското Министерство за земјоделство објави дека се повлекува од продажба меленото пилешко месо на „Ледо“, во пакување од 500 грама, со датум на замрзнување 11 мај 2015 година и рок на употреба до 11 јуни 2016 година, поради пронајдена бактерија салмонела.

Производител на контаминираното пилешко месо е компанијата „Месфино“ од градот Чазма, а „Ледо“ се наведува како дистрибутер на производот.

– Со микробилошка аналаза на производот е утврдено дека не се задоволени одредбите на Европската комисија, согласно кои салмонелата мора да биде отсутна во меленото месо и месните преработки во текот на нивниот рок на траење – стои во предупредувањето на ресорното Министерство.

Повлекувањето на меленото пилешко месо на „Ледо“ од пазарот го наредила Санитарната инспекција при хрватското Министерство за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top