Ноќва во 1.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Штип, двајца полициски службеници забележале како поголема група лица сакале физички да се пресметаат. Полицајците интервенирале за да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир, но едниот полициски службеник бил физички нападнат од М.Д.(56), неговиот син Д.Д.(18) и А.М.(38) по што го напуштиле местото на настанот.
По кратко време М.Д. и Д.М. се пронајдени и приведени и со истите извршен е разговор, додека по А.М. сѐ уште се трага и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен подесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.