Две лица се повредени во инцидентот што се случи синоќа на локалниот пат Куманово-Лопате во близина на железничкиот премин во Лопате. До инцидентот дошло по претходна расправија помеѓу две групи.
Според полицијата, три лица од кои двајца браќа, превезувајќи се со „фолксфаген бенто“ со кумановски регистарски таблички, му го пресекле патот на автомобил „фолксфаген шаран“ со австриски национални ознаки, во кој исто така имало три лица од кои двајца браќа близнаци. Во „бентото“ се превезувале 33-годишниот Ф.А, 30-годишниот Ф.А и уште едно непознато лице. Ф.А излегол од „бентото“ и со рачка од пиштол, почнал да удира во страничното стакло на возачката врата на „шаранот“. Возачот на „шаранот„ В.З (1997) го стартувал возилото и тргнал наназад,у дрил во заштитната ограда, по што се слушнале неколку истрели од оружје. Патниците од „шаранот„“ возачот В.З, неговиот брат близнак Ф.З и лицето Р.А (1995) излегле и сакале да побегнат. Р.А бил удрен со цврст предмет по главата, по што паднал. Браќата близнаци биле физички нападнати и успеале да избегаат.Ф.З и Р.А се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во Кумановската болница.
Полицијата трага по трите лица од „бентото“, извршен е увид по овластување на основен јавен обвинител, земени се материјали за вештачење и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Тајфунот Џеби усмрти шест лица во Јапонија