| четврток, 6 декември 2018 |

Барса си поигра со римската волчица

Барселона ја победи Рома со убедливи 3-0 во рамките од Гампер купот што традиционално се игра на „Камп ноу’“. Ова беше прв натпревар за каталонците на домашен терен во летниот период и сефте натпревар за Меси и Нејмар по враќањето од одмор.

barsa

Токму овие двајца фудбалери беа во главна улога во првото полувреме, постигнувајќи ги првите два гола за Барселона.

Во вториот дел Енрике ги повлече од игра Суарез, Меси и Нејмар, но Барса успеа дополнително да си ја зголеми предноста, со евроголот на Ракитиќ од преку 25 метри.

За доминацијата на Барселона најдобра потврда е фактот дека каталонците упатија дури 21 удар кон голот на „римската волчица“, потврдувајќи ја добрата форма пред мечот од Суперкупот на Европа против Севилја. Тој дуел ќе се игра во Тбилиси идната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top