| четврток, 6 декември 2018 |

Грчко МНР: Нова демократија не може да ги интерпретира пораките од надворешната политика

атина Грчкото МНР синоќа ја обвини опозициската партија Нова демокатија дека не може да ги чита и интерпретира пораките во областа на надворешната политика.

Соопштението на Министерството е одговор на барањето на НД како ќе реагира Атина на „провокацијата од соседите“ во врска со учеството на поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски на прославата на Илинден со Македонците од Канада каде што одржува говор пред карта на Македонија до Олимп и Халкидики.

Претходно, грчкото МНР преку својот профил на „Твитер“ напиша дека „рокот на траење на нус-производите од скопскиот иредентизам е одамна истечен“.

„Нивната употреба и неразумно конзумирање има опасни несакани ефекти“, се вели во пораката на грчкото МНР, која на својот Твитер профил ја сподели и министерот Никос Коѕијас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top