| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен интензитет на сообраќајот на патиштата

patista-1-564x272Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ.

Кај с.Порој сѐ уште е во прекин регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативен се користи патот низ с.Порој. Поради надојдена вода на Вратничка Река, целосно е оштетен мостот што сообраќајно ги поврзува селата г.Орашје и Нераште.

Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top