Обединети нации денеска соопштија дека расте бројот на повредени и убиени жени и деца во војната со талибанците и другите бунтовници во Авганистан.Во извештајот на ОН се наведува дека вкупниот број на жртви во 14 годишниот конфликт се зголемил за еден процент во првата половина од годината во споредба со 2014 година. Бројот на убиени жени е зголемен за 23 отсто, а на деца за 13 проценти.
Според податоци на мисијата на ОН во Авганистан во првите шест месеци од 2015 година загинале 4.921 цивили. Околу 90 проценти од сите загинати се жртви на борби, рачно изработени бомби, самоубиствени и други напади.
Командантот на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан, генерал Џон Кембл истакна дека авганистанската армија губи околу 4.000 припадници месечно, од кои поголем број дезертираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



