| четврток, 6 декември 2018 |

Големо засилување за Железарец, Де Соуза прв „кариока“ во мак-футсалот

desouza

Даниел Де Соуза ќе биде првиот Бразилец што ќе настапува за македонска футсал екипа, а 30-годишниот кариока е големо засилување за шампионот Железарец.

Де Соуза кариерата ја почнал во Бразил за во 2006 година, а потоа следеше преселба во Португалија. По две сезони Бразилецот се сели во Грузија каде настапувал за екипата на Иберија Стар. Во 2009 година за прв пат доаѓа во екипата на Економац од Србија каде останал до 2013 кога играше една година во екипата на Никарс од Рига, Летонија. Потоа повторно се вратил во Економац каде настапуваше до крајот на минатата сезона. Во кариерата има освоено многу шампионски титули, бил шампион во Грузија, Летонија и 5 пати во Србија.

КМФ Железарец своите настапи во Футсал купот на УЕФА, натпреварување кое е пандан на Лигата на шампионите во големиот фудбал ќе ги започне на квалификацискиот турнир кој ќе биде организиран во Скопје, а каде ќе настапат и екипите на Аса Бен Гурион од Израел и Аугур Талин од Естонија. Натпреварите од групата Ф се играат од 27 до 29. август во СРЦ Кале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top