| четврток, 6 декември 2018 |

Пет задолжителни чекори за подолг рок на потемнатиот тен

1. Хидратација 

Со изложувањето на сонце, кожата ја губи својата влажност и затоа хидратацијата е од извонредна важност. После секое сончање, а и откако ќе се вратите од одмор, задолжително е нанесување на лосион или млеко за тело, барем 2 пати во денот.

Состојките како алое вера, шеа, маслиново или јојоба масло ја омекнуваат и хидрираат кожата и помагаат тенот да се задржи подолго.

2. Тргнете го гелот за туширање

Избегнувајте ги геловите за туширање и лосионите за тело кои содржат краставица и лимон, затоа што тие ја избелуваат кожата.

Зграпчете ја секоја шанса да го зачувате тенот. Еден од начините е гелот за туширање да го замените со масло за туширање, кое чисти, но истовремено ја навлажнува кожата.

3. Исхрана

Витамините А, Ц и Е, кои се наоѓаат во зеленчукот и овошјето, млекото, јајцата и сирењето, многу помагаат во одржувањето на вашиот тен. Витаминот А и каротенот се можеби најважни, а ќе ги најдете во лубеницата, морковот, дињата, кајсиите, праските… Не заборавајте ја водата, која треба да ја внесувате во големо количество.

4. Без депилација

Најдобро е целосно да се издепилирате пред одењето на одмор, а ако сакате да го задржите тенот, користете депилатор, а не кремови за депилирање или ленти. Заборавете и на бричот, затоа што бричењето секој пат го отстранува површинскиот слој на кожата.

5. Маска за лице

Измијте го лицето со светол чај и нанесете маска од испасиран домат, која ќе ја оставите да стои 15-20 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top