| четврток, 6 декември 2018 |

Помош за Тетово

Ги повикуваме граѓаните да помогнат во оваа тешка ситуација на тие на кои им е потребна помош, односно на семејставата кои ги изгубија своите сакани и на евакуираните лица. Ваквите ситуации бараат ангажираност од сите нас со цел нашата општина да се врати во нормала, апелираат од Оптштина Тетово.

Сите оние што сакаат да помогнат било преку донација на храна, вода, лекови и хигиенски препарати или да волонтираат во процесот на чистење на улиците, дворовите и речните корита во критичните зони оштетени од вчерашните поплави, може да се јават на телефонскиот број 076 330 113 , на електронската пошта cabinet@tetova.gov.mk или да дојдат директно во зградата на општина Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top