Поранешниот британски премиер Едвард Тед Хит е осомничен за педофилија и за сексуално насилство врз машки деца.
Случајот се појави во јавноста откако еден сега 65-годишен маж признал дека бил силуван од Хит, во времето кога тој бил пратеник на Конзервативаната партија.
Инцидентот се случил во 1961 година, кога човекот имал само 12 години. За него се знае дека побегнал од дома и од своите родители, како и дека бил силуван од Хит во неговиот стан, во центарот на Лондон.
За тоа што се случило знаел само еден социјален работник, кој го прекорувал момчето за инцидентот.
За евентуалната педофилија на Хит полицијата претходно добила информации од еден „дошепнувач“, кој им раскажал на полициските власти дека биле прикривани однесувањето и криминалните склоности на угледниот британски политичар и премиер.
Според лондонските весници, информаторот е пензиониран висок полициски функционер, во чијашто чесност никој не се сомнева. Тој раскажал дека инцидентот со Хит еднаш бил испитуван, дека едно лице било притворено, но никој и никогаш не направел претрес на неговиот стан, ниту, пак, било одржано судење, само за да се премолчи тоа што се случило и за да се заштити угледот на Хит.
Случајот со педофилската склоност на поранешниот лидер на ториевците и премиер се појави по силниот притиск во британската јавност и од медиумите за да се истражат сомневањата дека полицијата ги прикривала ваквите инциденти и дека ги игнорирала обвинувањата за силувањата на деца, што во 60-тите и во 70-тите години на 20 ги направиле познати политичари и јавни личности.
Висок полициски функционер, снимен пред куќата во која живееше и почина Хит, пред десет години, синоќа преку телевизијата ги повика сите жртви, веќе „да не страдаат во своето молчење“ доколку навистина биле сексуално нападнати, или силувани од поранешниот премиер, да раскажаат за тоа на полицијата.
Лондонската Метрополитен полиција сега трага по докази за обвинувањата против Хит, а полициски извори изјавиле за весниците дека сите откритија на „дошепнувачот“ се точни.
Едвард Тед Хит беше британски премиер од 1970 до 1974 година. Претходно тој беше министер и угледен ториевски пратеник.
Тој е единствениот премиер по Втората светска јавност што не беше женет и живееше сам во Даунинг стрит 10. Неговата кариера постојано беше следена од шпекулациите за неговата хомосексуалсност, но тоа не беше јавно откриена, па Хит почина како еден од најугледните британски премиери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.