| четврток, 6 декември 2018 |

Запленета поголема количина опојни дроги во Охрид, притвор за две лица

Поради постоење сомнение за сторени казнени дела неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанции и прекурсори, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С. (30) од Прилеп и Ф.Ј. (21) од Скопје. Нив одредена им е мерка притвор до 30 дена.

droga

Пријавениот Г.С. пред околу една недела набавил поголема количина опојна дрога таблети „екстази“, опојна дрога „амфетамин“ и хашиш, по што ги препакувал во мали количини со цел продажба на лица наркоуживатели од подрачјето на Охрид, но и на други лица – туристи, а посебно на лица посетители на технозабави кои се одржуваат во Охрид.

На 31 јули оваа година, при претрес во изнајмена соба во Пештани, кај сега притворениот Г.С. во пластично кутиче пронајдени се 31 таблета екстази од кој 30 со ознака „смајли“ со жолта боја и 1 таблета со натпис „хелоу коти“ со зелена боја, едно стаклено  шише со натпис „алметекс“ во кој има  шеснаесет таблети со портокалова боја, две најлонски пакувања со бела боја со црна смолеста материја (највероватно опојна дрога хашиш), повеќе најлонски кеси со траги од бела и од кафена прашкаста материја и други предмети.

droga1

На втори месецов, пријавениот Ф.Ј.  на прозорец од студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, оставил најлонска кеса со околу 50 таблети „екстази“ со лого знак „мерцедес“. При претрес во соба што притворениот ја користел во домот пронајдени се едно најлонско пакување со бела прашкаста материја ставено во целофан и други предмети.

droga2

 

Пронајдените предмети се фотодокументирани и се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top