| четврток, 6 декември 2018 |

Починат малолетник пронајден во двор во Голема речица

tetovo_1_0Од СВР Тетово неофицијално се дознава дека во тетовско село има една жртва во невремето што попладнево беснееше во полошкиот регион. Станува збор за малолетно лице. 

Малолетникот бил пронајден во двор од куќа на жител на село Голема речица. Детето било исфрлено од Речишка река и имало видливи повреди во пределот на главата. Надлежен јавен обвинител наредил обдукција на момчето. Полицијата допрва ќе го утврдува неговиот идентитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top