| четврток, 6 декември 2018 |

Атинската берза денешната сесија ја заврши со рекорден пад од 16,23 отсто

atinska berzaАтинската берза денешната сесија на тргување ја заврши со пад од 16,23 проценти, што, според берзанскиот оператор, е неславен рекорд, откако утринава таа ја обнови трговијата, што беше запрена пред пет недели заради воведување на контрола врз капиталот во Грција, пренесоа француските медиуми.

Индексот ATHEX се затвори на ниво од 668,06 поена, лесно намалувајќи ги своите загуби за време на сесијата по падот од 22,82 отсто при отворањето на берзата.

Според грчкиот берзански операртор, последен пат ваков пад била забележен во декември 1987 година, кога била прикажана загуба од 15,3 отсто за сесијата од тој ден.

Најзасегнати беа банкарските котирања, кои „потонаа“ за околу 30 проценти – што е одраз на загрозеноста на секторот што очекува итна рекапитализација по повлекувањето на над 40 милијарди евра од декември до сега.

Берзанските актери го очекуваа овој тежок нов почеток по прекинот на берзанските операции на 26 јуни на одгласите за безизлезност во преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори – Европската унија и Меѓународниот монетарен  фонд (ММФ) – за обновување на финансиската помош за земјата.

Трговијата на Атинската берза денеска беше обновена со ограничувања за локалните инвеститори. Тие не можеа да го плаќаат купувањето акции со пари од своите банкарски сметки во Грција, кои се уште подлежат на воведената контрола врз капиталот во земјата. Тие, меѓутоа, можат да ги користат сметките во странство или да извршуваат трансакции во готово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top