Во отвореното писмо на еден жител на грчкиот град Комотини, кое неодамна го пренесоа бугарските медиуми, Гркот бесно пишува што бугарските туристи ги валкаат плажите, не ги почитуваат правилата, а врв на се и не трошат пари со кои би се засилила грчката економија. Бугарскиот весник „Блиц“ сега пренесува ново писмо во кое Грците им замеруваат нешто ново на нивните соседи.
„Сексуалниот чин е нешто сосема нормално и заслужува почитување, освен ако се прави јавно и ги вознемирува луѓето рано изутрина кога одат на плажа за да се искапат во морето. Нов морал, кој воопшто не е убав, ни донесоа Бугарите кои доаѓаат тука за да се насладуваат на нашето море и на плажите. Срамна сцена на која беа сведоци десетина Грци, се случила на брегот на морето во Фанари.
Во близина се наоѓаат бунгалови кои општината ги дава под наем. Едно од нив му било изнајмено на Грк, но изгледа тој ги прекршил правилата на договорот и им го дал под наем на Бугари. Отстапувањето на објеки во Грција е всушност строго забрането. Бугарите, кои го користеле бунгаловот, постојано се трупале затоа што за време на викендот кај нив пристигнале и нивните пријатели и роднини. Над десет луѓе спијат во бунгаловот и се радуваат на бесплатниот одмор.
Неколкумина Бугари кои го користеле бунгаловот, очигледно маѓепсани од убавината на нашиот регион, си помислиле дека се им е дозволено! Очевидци раскажуваат дека имале секс на плажа, која е во непосредна близина на бунгаловот. Двојката фатена во „расчекор“ дури и не се погрижила да влезе во морето за половиот акт да не се гледа. Сведоци на сексот биле Грци, кои седеле по верандите на своите бунгалови, и оние кои во тоа време тргнале на плажа. Треба да се одбележи дека вљубената двојка дури и не се засрамила и не ја сопреле љубовната игра, независно од тоа што луѓе доаѓале на плажата. Дел од мераклиите за капење во море си заминале кога ги виделе двајцата Бугари влопчени во порно поза. Летувалците Бугари во нашиот регион ни донесоа нови… навики“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.