| четврток, 6 декември 2018 |

Нови жртви во борбите во Донбас

Во судирите меѓу украинските војници и проруските активисти во последните 24 часа погинале четворица украински војници, а 15 се ранети, сооопшти украинската војска.

Ukraine

 

Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко, изјави дека проруските сили пукале од тешко вооружување, што е забрането со мировниот договор од Минск, и притоа ситуацијата во Доњецк ја опиша како исклучително напната.

Според него, постојано има борби во кои повремено се употребуваат тенкови и артилерија.

Претставници на Украина, Русија и проруските сили денеска треба да се состанат во Минск да разговараат за примена на примирјето договорено со Минскиот договор во февруари.

И покрај примирјето, во текот на јули погинаа 29 украински војници, а 175 се ранети, додека проруските сили тврдат дека во нападите на украјнската војска погинале 22 цивили и проруски активисти, додека 29 се ранети, наведуваат британските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top