| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски и Тодоровиќ промовираа проект за поголемо користење на велосипедите во Скопје

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ денеска одржаа прес-конференција на која ги промовираа проектот за поголемо користење на велосипедот во Градот Скопје.
-Ние во изминатиот период како Град Скопје работевме на создавање на услови за возење на велосипеди по тротоарите на Градот Скопје, обележавме голем број на велосипедски патеки за движење на велосипеди. Ние ќе го продолжиме овој проект за обележување на велосипрдски патеки по тротоарите во Скопје, а притоа ќе се отстрануваат возилата кои се паркирани на одбележаните патеки. Ова е добар начин за промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство, ако се земе во предвид се поголемата густина на возила во централното градско подрачје. Со поголемото користење на велисопедот ќе се намали густината на сообраќајот и користењето на моторни возила, нивното користење е подобро од здравствен и еколошки аспект, рече Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top