Некогашното седиште на лондонската полиција Скотланд Јард, во улицата „Вајтхол Плејс“, ќе биде претворено во луксузен хотел со пет ѕвезди, а целиот проект ќе чини 154 милиони евра. Се очекува „Голенмиот Скотланд Јард Хотел3 првите клиенти да ги прими во 2017 година, а ноќевање ќе чини и до 10.000 долари, пишува францускиот весник „Фигаро“.
Хотелот со површина од 56.000 квадртани метри, ќе има седум ката и 235 соби, повеќе ресторани, два бара, библиотека, сала за состаноци, а на гостите на располагање ќе им биде и хотелска услуга 24 часа сите седум дена во неделата. Хотелскиот персонал ќе брои 250 лица. Куќата потпрена на градата во викторијански стил ќе биде наменета за забавни активности за гостите. Самото реновирање на зградата на Скотланд Јард ќе чини олколу 50 милиони фунти.
Имено, новиот сопственик на Скотланд Јард е индискиот педесетгодишен бизнисмен Јусуфали Кадер, еден од најбогатите Индијци, сопствени на компанијата „ЛуЛу Груп“, со седиште во Абу Даби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се извадиле и ножеви: Две лица побарале снимки од хотелот, а кога сопственикот ги одбил го нападнале
-
Мртов маж пронајден во хотел кај Бит Пазар: Лежел на подот со траги од крв и метадон
-
Инцидент во скопски хотел: Пијан гостин се расправал заради сметка за кафе, обезбедувањето морало да интервенира
-
Од хотел украл 80 радијатори, два бојлери, шпорет, лонци, чајници, чаши