Повредениот српски поп чие семејство вчера загина во тешката сообраќајка кај Гевгелија е транспортиран во Белград. Откако старешината на храмот Свети Сава дознал дека неговата сопруга и двете деца се мртви, лично побарал да биде вратен во неговата земја. Итно било испратено возило на Брза Помош од белградската ВМА кое утринава го презеде Радивој Паниќ од Ургентниот центар во Скопје. На скопските клиники старешината бил примен со повеќе скршеници и фрактури, но тоа не било пречка за транспорт, пренесе Сител.
Несреќата се случи вчера во утринските часови кога возило со српски регистарски таблици управувано од 54 годишниот Паниќ удрило во друг автомобил а потоа во метален столб. На лице место починала сопругата Татјана, а синот Никола и ќерката Симеона им подлегнале на повредите во гевгелиската болница. Паниќ бил во свесна состојба и постојано прашувал што се случило со неговата сопруга и децата.
Старешината Радивој Паниќ пред дваесетина дена во интервју за Сител зборуваше за деценискиот спор меѓу двете цркви.
Најверојатно замор била причината што Паниќ изгубил контрола и удрил во металниот столб. Патувале цела ноќ на пат за Грција каде старешината 20 дена требало да има богослужби. Во Белград останала неговата најстара ќерка Кристина која во последен момент се откажала од фамилијарниот одмор, објави телевизијата.
Денеска во Белград ќе бидат пренесени и телата на починатата Татјана и децата Никола и Симеона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија