Еден здравствен центар во Баку, Азербејџан, нуди капење во нафта како терапија. Австралиецот Себ кој го пробал овој третман изјавил дека оваа „бањска терапија“ е сосема солидна.
– Капењето во нафта е на иста температура како при обично капење, а текстурата на нафтата е слична како кај течно чоколадо. Топло е , безбелно и не мириса лошо – изјавил тој.
Доктор Хашим Хашимов вели дека овој третман може да излекува 70 различни заболувања.
– Нафтата убива се – вируси , бактерии, габички . Нејзината густина е уникатна и не содржи никаква нечистотија – изјавил тој.
Тој изјавил дека купките со нафта не се менуваат за секој корисник.
– Обично ќе изгубиме еден дел од материјалот на секој наш клиент, а па ја дополнуваме купката. Невозможно е да ја фрлиме целосната купка со нафта . Материјалот е скап – изјавил тој.
Критичарите истакнуваат дека нафтата е канцерогена и дека ваквите третмани се опасни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



