Повеќе летови најави Јат ервејз во летната сезона, иако од друга страна стигаат информации дека компанијата ги откажува летовите, бидејки се почесто авионите не им работат.
Според соопштението на специјализираниот портал Авиокарта, резервациониот систем покажува дека само за април месец Јат откажал 45 повратни летови, односно 90 полетувања.
-Најмногу летови се откажани на дестинации каде што лета АТR, бидејки Јат моментално има на располагање само два авиони од овој тип, од три кои се планирани за палнирање на редот на летови, вели Драган Николиќ од Авиокарта.
Според овој портал Јат во април на редовен Ц преглед треба да прати еден боинг 737-300 што ќе им создаде додатни проблеми, бидејки овој преглед може да потрае и 20 дена.
Податоците говорат дека Јат откажал 26 летови до и од Атина, па неместо секојденвни летови на таа релација ќе се лета четири пати неделно. Најмногу летови се откажани на релација Белград-Подгорица.
Сепак од почетокот на јуни до средината на септември сообраќајот со Сараево и Скопје ќе биде обавен со авионот боинг 737 наместо со ATR со двапати поголем број на места, тврдат од Јат. Оттаму изјавуваат дека предвидени се и додатни фрекфенции за Москва и Париз за кои бројот на летови е дуплиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.