Грција треба да го врати фокусот на решавање на билатералниот проблем, посочи премиерот Никола Груевски во обраќањето пред народот по повод големиот македонски празник Илинден.
-Кризата кај јужниот сосед и нам ни направи штети. Како економски, заради блискоста и поврзаноста на нашите економии, така и политички, пред се заради целосно дефокусирање на нашиот сосед од решавањето на нашиот билатерален проблем, што нас веќе цели 7 години, неоправдано не чини членство во НАТО, и веќе слободно можам да кажам и членство во ЕУ, затоа што ако немаше блокада на започнувањето на преговорите во2009тата, ние денес ќе бевме член на ЕУ. Посакуваме нашиот јужен сосед, побрзо да ги надмине актуелните економски предизвици, и да го врати фокусот на нашиот билатерален проблем и блокадата врз нас, истакна тој.
Тој потенцираше дека историјата е важна, но не смее да биде пречка за иднината. Затоа важни се напорите, историјата да ја оставиме на историчарите, на науката, на образованието, и секој кој сака да ја проучува, анализира, да ја славиме, одбележуваме и да извлекуваме поуки и мудрости од неа, но државите и народите на Балканот мораме да градиме нови мостови за посреќна заедничка иднина на нашите народи.
-Демографијата останува во врвот на нашите предизвици како држава. Иако, со солидни ефекти од превземените мерки во последните 7-8 години, кои што изненадија многумина скептици кои не веруваа дека било какви мерки на владата воопшто ќе вродат со некаков резултат, се уште, ниската фертална база која не очекува во наредната деценија, е голем предизвик, заклучи тој.
Како што додаде премиерот, овој европски предизвик, кај мала нација има позастрашувачки ефекти, отколку кај големите нации. Загрижува воспоставувањето пракса на се подоцнежно стапување во брак на младите, што се одразува и на бројот на деца во семејствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница