| четврток, 6 декември 2018 |

Ја прилагодуваме наставата кон креативно учење, размислување и решавање на проблемите

ideaОсновен елемент на претприемништвото се новите идеи и иновациите, односно како тие иновации да се претворат во економски добра. Претприемништвото е движечка сила за раст на економијата, придонесува кон намалување на невработеноста и го трасира патот на напредокот. Во суштина, претприемништвото се заснова на иновативноста, која може да претставува нов производ или услуга, но и иновативен бизнис процес. Успешниот претприемач е подготвен да презема ризици, мотивиран е за постигнување успех, не е обесхрабрен од неуспехот, и е цврсто определен да биде чекор понапред од конкуренцијата.

За одржлив економски раст потребно е да се создаде иновативно и претприемачко општество.

Македонија е посветена на вложување во развојот на претприемништвото, како и во развојот на претприемачка култура кај младите, со оглед на фактот што малите и средни претпријатија имаат значајно учество во бруто домашниот производ. Токму затоа во делот на образованието се посветува големо внимание кон развојот на претприемништвото и информатиката, како дел кој овозможува најбрз развој на иновациите. Во делот на основното и средно образование се обидуваме да ја прилагодиме наставата кон креативно учење, размислување и решавање на проблемите, посочува заменикот министер за образование и наука Спиро Ристовски.

spiro-Посветувајќи сериозно внимание на развој на претприемачкиот дух уште од најрана возраст, се одлучивме да изготвиме нови наставни програми по предметите иновации во деветто одделение во основно, како и бизнис и претприемништво и иновации и претприемништво во средно образование, со еден поексплицитен и повеќе сликовит пристап од практичен аспект, за што беа ангажирани експерти и професори од велшкиот Сент Дејвид Универзитет. Секако врз основа на новите наставни програми ќе бидат обезбедени и нови учебници. На овој начин претприемничкото образование значително ќе биде унапредено, модернизирано и ќе помогне во градењето на младина со проактивен и иновативен начин на размислување. Во делот на информатиката направивме модификација на предметот „Работа со компјутер“ во трето одделение, каде од новата учебна година ќе бидат воведени и некои основни елементи од областа на програмирањето. Сумирано во делот на основното и средно образование се обидуваме да ја прилагодиме наставата кон креативно учење, размислување и решавање на проблемите- посочува Ристовски.

Ваквиот приод во образованието е основа за успех на проектите кон развој на претприемништвото, а кои повеќе години се одвиваат во државата како иницијатива за поттикнување на претприемачкиот дух кај младите, за вмрежување на голем број мали и средни бизниси во покрупни синџири на производство и промет, втемелени врз единствени стандарди, силен маркетинг и управување со квалитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top