Завршувањето на кризата со илјадниците имигранти кои се обидоа да ја пробијат оградата во францускиот град Кале и да пристигнат во Англија не е проблем само на Велика Британија и Франција, туку претставува приоритет и на европско и на меѓународно ниво, се наведува во заедничката изјава на британскиот и францускиот министер за внатрешни работи, Тереза Меј и Бернар Казнев.
– Голем број имигранти кои во Кале се обидуваат преку тунелот под Ламанш да стигнат во Велика Британија прво поминале низ Италија, Грција и други земји. Затоа бараме од другите земји-членки на Европската унија и од ЕУ во целост да се фокусираат на самата причина за оваа криза, се потенцира во изјавата на Меј и Казнев.
Тие како долгорочно решение на проблемот предлагаат потенцијалните имигранти да се убведат дека „европските улици не се поплочени со злато“.
Последните недели стотици имигранти се обидоа да ја пробијат оградата и да влезат во Евротунелот и со воз или камион да отпатуваат за Велика Британија. Вои таквите обиди од почетокот на јуни загинаа најмалку десет лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.