Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска упати честитка за големиот државен празник, 2 август – Денот на Републиката.
– Овој светол датум од историјата, 2 Август, кога ги чествуваме Крушевската Република од 1903 и Заседанието на АСНОМ од 1944 година искажувајки им почит на хероите кои ги положија своите животи за Македонија, е вечен потсетник на заветот за слобода, оставен на поколенијата, сегашните и идните генерации, наведува Заев во честитката.
Копнежот за независна држава пред 112 години, посочува, е движечкиот мотив што ги повел илинденците во битката за остварување на долгопосакуваната слобода. Пред истиот предизвик, пред 71 година биле исправени и борците на АСНОМ, кои храбро и одважно, по втор пат во поновата историја, ја извојувале слободата. Ова е денот кога се поставени темелите на независна и суверена Република Македонија и патоказот како со заедништво и верба е можно остварување на светите цели, се вели во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.