Семакедонска илинденска средба – Трново 2015 ќе се одржи денеска во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново.
Организатори на средбата во која се обединети 44. Светска македонска иселеничка средба и 35. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.
Семакедонската средба ќе почне со света архиерејска литургија што ќе ја отслужи митрополитот Европски Пимен. Најавени се обраќања на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и на претставници на организаторите во чие име претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров ќе прочита Семакедонска илинденска декларација за Македонија.
Најавена е богата културно-уметничката програма со настапи на повеќе културно уметнички друштва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст