| четврток, 6 декември 2018 |

Семакедонска илинденска средба – Трново 2015

narodni nosiiСемакедонска илинденска средба – Трново 2015 ќе се одржи денеска во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново.
Организатори на средбата во која се обединети 44. Светска македонска иселеничка средба и 35. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес. 
 
Семакедонската средба  ќе почне со света архиерејска литургија што ќе ја отслужи митрополитот Европски Пимен. Најавени се обраќања на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и на претставници на организаторите во чие име претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров ќе прочита Семакедонска илинденска декларација за Македонија.
Најавена е богата културно-уметничката програма со настапи на повеќе културно уметнички друштва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top