Ансамблот „Реконсил“ од Виена, вечерва во 20 часот, ќе одржи концерт во Музејот на град Скопје во рамките на Денови на македонската музика. Утревечер во 20 часот во Македонската опера и балет ќе настапат Никола Kоџабашија и ансамблот „Пенелопе Х“, кои ќе изведат сценски етиди и песни.
Диригент на вечерашниот концерт е Роланд Фрајзицер. На програмата се дела од Горан Начевски, Валентина Велковска-Трајановска, Панде Шахов, Александар Пејовски, Роланд Фрајзицер, Јулија Пургина, Томас Хајнрих и Јајме Волфсон.
Ансамблот во 2002 година го формирале Александер Вагендристел, Роланд Фрајзицер и Томас Хајниш и денес е признаен како еден од водечките австриски ансамбли за современа музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


