| четврток, 6 декември 2018 |

Потребна им е поддршка на мајките кои дојат

Доењето е клучно за здравјето на новороденото бебе, а во следните седум дена светот го слави овој незаменлив чин и блискоста која се раѓа меѓу мајката и нејзиното најмило.

doenje1(1)

Мајките во Македонија традиционално сакаат да дојат, меѓутоа за тоа да трае подолго, потребна им е поддршка од семејството, здравствениот систем, заедницата и општеството.

Доењето има огромно значење за унапредување на здравјето на децата и носи значаен социјален и економски бенефит за семејствата и општеството.

Во Македонија, според податоците добиени од истражувањето на УНИЦЕФ во 2012 година, 90 отсто од децата биле доени во одреден период, 41 отсто од мајките дојат предоминантно, што значи додаваат и други течности (вода, чај, сок), додека ексклузивното доење е застапено кај 23 отсто од мајките.

УНИЦЕФ и Светската здравствена организација препорачуваат доењето да започне во првиот час по породувањето и детето да се храни ексклузивно со мајчино млеко до шестиот месец.

Светската недела на доењето се одбележува од 1 до 7 август секоја година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top