| четврток, 6 декември 2018 |

Доењето покусо од 6 месеци го оштетува дробот на бебето

Бебињата кои што мајките ги дојат помалку од шест месеци имаат 40 проценти поголем ризик да оболат од црниот дроб, додека тие шанси кај дебелите мајки е двапати поголем.

Децата чии што мајки не ги доеле или престанале со доење во првите шест месеци ги зголемуваат шансите од појава на безалкохолната болест замастен дроб за 40 проценти во подоцнежниот живот. Оштетување на дробот кај детето во пубертетот може да предизвика и пушењето на мајката во првите месеци на бременоста.

Истражување во Австралија покажува дека алармантен е бројот на жени кои го доведуваат во прашање здравјето на бебињата. Само 17 проценти од Британките ги дојат своите бебиња во третиот месец, додека секоја втора Американка дои во текот на шест месеци од породувањето.

Студијата имала за цел да поттикне здрав живот пред и за време на бременоста , но и да сугерира подолго доење на идните генерации, велат од универзитетот од Западна Австралија.

Безалкохолната болест на замастен дроб е една од најчестите пореметувања на дробот што се јавува во развиените држави и ја погодува секоја четврта возрасна личност. тоа е прогресивна болест која почнува со собирање на масти во дробот без претерано конзумирање на алкохол. Обично се поврзува со дебелина и дијабетесот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top