Грчката владејачка партија која беше формирана пред само три години е пред распад. На вонреден конгрес ќе се бара излез од внатрешната криза која произлезе по прифаќањето на дел од барањата на европската тројка кредитори.
Владеачката радикална левичарска партија во Грција, СИРИЗА, за в септември закажа вонреден конгрес за да се превенира распад на партијата, откако пратениците од левото крило на партијата гласаа против пакетот мерки на премиерот Аексис Ципрас. Мерките добија зелено светло со помош на гласовите на опозицијата, што на Грција и го овозможен пакетот помош од 86 милијади евра од кредиторите. 200 членови на централниот комитет на СИРИЗА синоќа по долгата и тензична дебата го усвоија предлогот за конгрес на кој ќе се соочат двете спротивставени партиски струи околу условите под кои Грција ја добива финансиската помош Грција.
Предводникот на т.н. лева платформа, поранешниот министер за енергетика, Панајотис Лафазанис, го обвини Ципрас дека договорот кој го постигна со кредиторите го направил спротивно на она поради што ја добија довербата на изборите во јануари и на референдумот до 5 јули. Лафазанис е тврд застапник на излегување на Грција од еврозоната.
Внатрешниот раскол во СИРИЗА кулминираше синоќа со оставки на 17 членови на централниот комитет со објаснување дека итната постапка со која се свикува конгресот има за цел да овозможи на политиката на омаловажувачкиот договор да продолжи и покрај противењето на илјадници членови на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!