| четврток, 6 декември 2018 |

Што се врти низ главата на жена што немала секс 12 месеци?

Како се одвива едногодишната апстиненција во женската глава:

Јануари

„Океј, лесен почеток на годината. Супер, имам уште 11 месеци. И не изгледам лошо. Зарем личам на некој кој ќе издржи цела година без секс?“


Февруари

„Супер, Денот на вљубените. Не забележав дека е 14-ти затоа што бев премногу зафатена со организирање порно филмска вечер баш денес.“


Март

„Знаете што? Предизвиков не е тежок. Добро сум. Се е супер. Не, сериозно добро сум, престанете постојано да ме прашувате како сум.“


Април

„Порано не забележував дека се е толку секси. Путерот е секси. Норвешка е секси. Дали само мене овој облак ми личи на луѓе кои имаат секс?“


Мај

„Знаете што е уште подобро од секс? Благо. Никој не може да добие полово пренослива болест од крофни. Затоа изедов 17 во последниве 48 часа.“


Јуни

„Почнав да се допишувам со еден преку Фејсбук. Знаете колку добро изгледа? Сериозно, веројатно се занимава со јога или нешто слично…“

 

Јули

„Прекратко траеше, но мислам дека веќе не треба да се допишуваме. Треба да почнеме да се гледаме со други.“


Август

„Баш сега, секоја секунда, некои од најодвратните луѓе во светот имаат секс. И каде е правдата?“


Септември

„Дали сум проколната? Дали некогаш во скоро време ќе имам секс?“


Октомври

„Ако влезам во соба и видам некој гол, секси доктор, подготвен за акција, би било лудо да не се препуштам…“


Ноември

„Ноќите ми станаа подолги. Потемни се и ладни. Слушате? Тоа е звук на секс кој се случува во моментов. Или само ветар. Незнам.“


Декември

„Добро, издржав! Успеав! Буквално го пропуштив секој повик на бившиот кој ми нудеше секс. Вистински мазохист. На здравје за Новата година полна со секс!“

 

Извор: Crnobelo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top