Македонската одбојкарска репрезентација денеска го игра првиот од двата дуела од Европската лига против Австрија. Во моментов Македонија е на третата позиција во групата и сеуште има шанси за второто место и со тоа за настап на завршниот турнир. Сепак главна цел за нашите одбојкари се најпрвин две победи и освојување на шест бодови во дуелите со Австрија и обезбедување на третото место во групата.
– По ланскиот успех посакуваме континуитет во Европската лига и да докажеме дека ланското трето место не беше случајност. Австрија е посилна од Данска и со макскимална ангажираност на сите играчи можеме да стигнеме до двете победи, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.
Првиот од двата дуела меѓу Македонија и Австрија се игра попладнево со почеток во 14 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека вториот дуел се игра утре со почеток во 19 часот.
Синоќа на дуелите од А групата: Израел – Полска 2:3 и Естонија – Данска 3:0.
Табела А група: Естонија 20 бодови, Полска 12, Македонија 10, Австрија 9, Данска 5, Израел 4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓоргиев: По сѐ што направивме за Македонија, барем ја заслужуваме вистината!
-
„Спартанецот“ Ѓорѓиев: Мора да бидеме искрени, не напредувавме доволно за да бидеме „златни“
-
Само тие го можат тоа: Одбојкарите со чудесен пресврт се пласираа во финалето на Европската лига!
-
Пред „спартанците“ на колена и Швеѓаните!