| четврток, 6 декември 2018 |

Се укинува претплатата за националниот телевизиски сервис во Србија

Александар Вичиќ потпретседетелот на српската влада ги информирал лицата задолжени за пишување на законот за електронски медиуми дека треба да се укине претплатата и дека не треба да се воведуваат нови давачки за граѓаните , соопштува „Канал 5“.

Месечната претплата за радио телевизија србија ќе биде укината , а јавниот сервис во следните 3 години ќе се финансира од државниот буџет.
Откако неодамна се спротистави на предлогот претплатата за РТС да се наплатува преку данокот за имот , првиот потпреседател на Владата на србија Александар Вучиќ  одлучи јавниот сервис во Србија во следните три години да се финанисра од буџетот, објави весникот „Данас.

Според зборовите на  изворот , по одлуката јавниот сервис да се финанисра од буџетот , останува само да се реши прашањето на кој начин ќе биде гарантирана независноста во уредничката политика на РТС и РТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top