Александар Вичиќ потпретседетелот на српската влада ги информирал лицата задолжени за пишување на законот за електронски медиуми дека треба да се укине претплатата и дека не треба да се воведуваат нови давачки за граѓаните , соопштува „Канал 5“.
Месечната претплата за радио телевизија србија ќе биде укината , а јавниот сервис во следните 3 години ќе се финансира од државниот буџет.
Откако неодамна се спротистави на предлогот претплатата за РТС да се наплатува преку данокот за имот , првиот потпреседател на Владата на србија Александар Вучиќ одлучи јавниот сервис во Србија во следните три години да се финанисра од буџетот, објави весникот „Данас.
Според зборовите на изворот , по одлуката јавниот сервис да се финанисра од буџетот , останува само да се реши прашањето на кој начин ќе биде гарантирана независноста во уредничката политика на РТС и РТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


