Семејствата на осумте загинати припадници на МВР од настаните од 9 и 10 мај во Куманово, добија по 90.000 денари. Средствата ги донирале збратимени градови на општина Куманово, поединци и невладини организации.
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски денеска на прес-конференција изјави дека заедно со престваниците на невладината организација „Мајка“ од Куманово оставриле средба со членовите на семејствата на загинатите припаадници на МВР.
-Денеска, остваривме средба со членовите на семејствата на загинатите припадници на МВР од немилите настани од 9 и 10 мај. На иницијатива на невладината организација „Мајка“ од Куманово, собраните средства од збратимените градови на општина Куманово и невладините организации, доделени се на семејствата на загинатите припадници, истакна Дамјановски.
Тој изрази почит кон загинатите припадници на македонската полиција и благодарност до збратимената општина Бијелина која уплатила најголем фонд на парични средства по настаните од 9 и 10 мај.
Од невладината организација „Мајка“ изјавија дека донацијата се спроведува во пресрет на националниот празник Илинден.
– Знаеме дека не може да се надополни нивната загуба, но се надеваме дека со овие средства ќе задоволат одредена потреба. Голема благодарност до општина Бијелина која уплати парични средства на жиро сметката на „Мајка“ кои наменски ќе се искористат, изјави претседателката на организацијата, Лидија Илиевска.
Илиевска се заблагодари на општина Куманово за овозможените контакти со збратимените градови како и на поеднците и донаторите за семејствата на загинатите припадници на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Калифорнија
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат