Грчкиот премиер Алексис Ципрас во Парламентот одговарајќи на пратеничко прашање на лидерот на ПАСОК, Фофи Генимата за постоењето на „план Б“ изјави дека неговата Влада немала никакви планови за излез од еврозоната.
-Кога партнерите зборуваа за „грегзит“, Владата мораше да се подготви. Затоа, побарав од тогашниот министер за финансии да подготви план за одбрана на земјата во случај на вонредна состојба- појасни Ципрас.
Медиумите недамна објавија транскрипти од телефонски разговор меѓу Јанис Варуфакис и инвеститори од Лондон, според кои, наводно, премиерот Ципрас, пред да победи на изборите во јануари го овластил да создаде паралелен систем на плаќање.
Во телефонскиот разговор, воден една недела откако поднесе оставка на функцијата министер за финансии, Варуфакис открива дека во соработка со петчлена екипа со месеци работел на резервен план за создавање паралелен систем на плаќање, во случај Европската централна банка да ја суспендира исплатата на средства за итни случаи за грчкиот финансиски систем, како што се случи по неуспехот на преговорите со грчката Влада. Паралелниот систем можел да функционира со плаќања во евра, но преку ноќ можел да се префрли на драхма, ако тоа биде потребно, појаснува весникот.
Одлучивме да се пробие софтверската програма на моето Министерство, рекол Варуфакис. Поранешниот грчки министер за финансии за британски „Телеграф“ призна дека транскриптите од разговорите се точни, но оти грчките медиуми извртеле одредени тврдења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!