| четврток, 6 декември 2018 |

Koга е најдобро време за депилација?

Време на годишни одмори кога повеќето од нас се подготвуваат и заминуваат на плажа.

Важно е со депилацијата да завршите барем еден ден пред да се изложите на сонцето. Идеално, најдобро е да се депилирате 2 дена пред заминување на пат, што ќе остави доволно време иритациите на кожата да се смират.

Идеален период помеѓу две депилации е 4 до 6 седмици.

Важно е влакната да се долги барем половина сантиметар, што е и идеална должина за депилирање. Од друга страна, ако се подолги од 1,5 см, болката ќе биде поголема од обично. Затоа, потрудете се влакната да не бидат ниту премногу куси, ниту премногу долги. Потстрижете ги со ножичка ако се подолги од препорачаната должина.

Не се препорачува депилирање непосредно пред менструација, кога кожата е почувствителна, па и болката е значително поголема.

Не пијте кафе или алкохол неколку часа пред депилација. Кафето и алкохолот ја прават кожата почувствителна, а тоа воопшто нема да ви помогне, особено ако планирате да правите депилација на интимната зона.

Напијте се аспирин за да ја намалите болката. Околу 30-45 минути пред депилацијата напијте се аспирин, кој ќе ја намали болката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top