Околу два хектари сува трева, стрниште и 30 бали слама изгореле во пожарот кој избувна вчера во близина на село Облавце, во општина Старо Нагоричане. Ова го изјави командирот на Територијалната противпожарна единица – Старо Нагоричане, Оливер Стојмановски.
– Пожарот е локализиран во 13:40 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари, а во гаснењето се вклучија и жители на околните куќи – рече Стојмановски.
Пожарот настанал на површина во близина на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка. Во кумановско вчера регистриран е само еден пожар, во село Романовце каде што било запалено стрниште.
Кумановските пожарникари интервенирале од 1 час по полноќ до 2:20 часот со тројца пожарникари и едно противпожарно возило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Осигурителните компании ќе исплатат над 10 милијарди долари поради пожарите во Калифорнија
-
Се врати дома, а домот го нема: И куќата на Жерард Батлер изгоре во пожарите (фото)
-
Уште една оставка во Грција поради пожарите
-
По пожарите во Грција сменети се началниците на полициските сили и противпожарната бригада