| четврток, 6 декември 2018 |

Спи­ро Ри­стов­ски: Се фокусираме на знаењето и креативноста кај младите

Во но­ва­та учеб­на го­ди­на по учеб­ни­ци­те на Кем­бриџ ќе учат и уче­ни­ци­те од че­твр­то до ше­сто од­де­ле­ние, а од 2016/2017 го­ди­на ќе би­дат оп­фа­те­ни и уче­ни­ци­те од сед­мо до де­вет­то од­де­ле­ние. Со ова, пра­ктич­но, ги ели­ми­ни­ра­ме си­те ди­ле­ми да­ли одре­ден учеб­ник или про­гра­ма е до­бра или не и да­ли со­од­вет­ству­ва на во­зра­ста на уче­ни­кот или не

При­лич­но ра­бот­на и тур­бу­лент­на го­ди­на за обра­зо­ва­ни­е­то. Koj e Ва­ши­от ко­мен­тар за слу­чу­ва­ња­та?
РИСТОВСКИ: Ми­на­та­та го­ди­на ка­ко вла­да ре­шив­ме да на­пра­ви­ме круп­ни про­ме­ни на не­кол­ку ни­воа и сег­мен­ти во обра­зов­ни­от си­стем, во на­со­ка на не­го­во су­штин­ско ре­фор­ми­ра­ње. Про­ме­ни за кои се уви­де по­тре­ба­та де­ка се не­оп­ход­ни, ако се зе­ме пред­вид де­ка обра­зо­ва­ни­е­то е ос­нов­ни­от сто­жер на др­жав­ни­от прос­пе­ри­тет и не по­стои дру­га ал­тер­на­ти­ва, освен на гло­бал­ни­от про­стор да по­ну­ди­ме зна­е­ње и ква­ли­тет­ни ве­шти­ни, со по­се­бен ак­цент на ино­ва­тив­но­ста и на прет­при­е­маш­тво­то. На­ши­те на­ме­ри беа искре­ни, до­бро­на­мер­ни. Но, ра­бо­теј­ќи на кон­цеп­тот и на ак­ци­ски­от план за до­да­ва­ње уште по­го­лем им­пулс на за­лож­би­те, по­ра­ди комп­лекс­но­ста на це­ли­от про­цес ре­шив­ме де­ка е по­тре­бен ди­ја­лог на нај­ви­со­ко ни­во, со акти­ви­ра­ње на си­те оп­штес­тве­ни фа­кто­ри и гру­пи, кои на ди­ре­ктен или ин­ди­ре­ктен на­чин се за­сег­на­ти од ре­фор­ми­те, сѐ до­де­ка не се нај­де оп­ти­мал­но­то, нај­при­фат­ли­во­то ре­ше­ние. Ди­ја­ло­гот поч­на и ќе про­дол­жи во пер­и­о­дот што до­а­ѓа. Це­нам де­ка има вол­ја и оп­ти­ми­зам кај си­те учес­ни­ци во про­це­сот за из­град­ба на со­вре­мен и кон­ку­рен­тен обра­зо­вен си­стем. Пра­ктич­но, до­се­га има мно­гу пред­ло­зи, су­ге­стии, из­не­се­ни по­зи­тив­ни искус­тва, пра­кти­ка… Си­те се до­бре­дој­де­ни и уве­ру­вам де­ка тоа што е из­др­жа­но и тоа што мо­же да се при­фа­ти, ќе се при­фа­ти и при­ме­ни. По­ве­ќе од де­вет го­ди­ни по­ка­жу­ва­ме слух за по­тре­би­те и за ин­те­ре­си­те на си­те гра­ѓа­ни, та­ка што и овој пат не­ма да ги из­не­ве­ри­ме оче­ку­ва­ња­та.

Ка­ко го оце­ну­ва­те ква­ли­те­тот на ма­ке­дон­ски­от обра­зо­вен си­стем, со ог­лед на тоа што ве­ќе две го­ди­ни сте дел од ре­сор­но­то ми­ни­стерс­тво?
РИСТОВСКИ: Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја при­лич­но дол­го бе­ше за­фа­те­на од тран­зи­ци­ско­то сле­пи­ло. Пе­ри­од ко­га при­о­ри­те­ти­те беа со­се­ма по­и­на­кви од де­нес. Ко­га обра­зо­ва­ни­е­то бе­ше це­лос­но за­по­ста­ве­но, од­нос­но се гра­де­ше оп­штес­тво без зна­е­ње, без мо­рал, ети­ка и ви­стин­ски вред­но­сти. Обра­зов­ни­от си­стем, освен што не ги ис­пол­ну­ва­ше ос­нов­ни­те стан­дар­ди за ква­ли­тет на ин­фра­стру­кту­ра­та и на на­ста­ва­та, не бе­ше ни­ту це­лос­но отво­рен и до­ста­пен за си­те ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни. Кни­ги­те за ос­нов­но и за сред­но обра­зо­ва­ние беа при­лич­но ска­пи. Пре­во­зот, исто та­ка. Учи­лиш­ни­те об­је­кти што беа из­гра­де­ни пред оса­мо­сто­ју­ва­ње­то беа оста­ве­ни на за­бот на вре­ме­то. По­ра­ди ви­со­ки­те пар­ти­ци­па­ции не мо­же­ше се­кој да се за­пи­ше на фа­кул­тет, а тие што ќе се за­пи­шеа учеа од кни­ги на стран­ски ја­зи­ци, пре­теж­но од по­ра­неш­на­та СФР Ју­гос­ла­ви­ја. Oд де­неш­на ди­стан­ца, сло­бод­но мо­жам да ка­жам де­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја има при­лич­но до­бар обра­зо­вен си­стем. Не ве­лам де­ка е со­вр­шен за­тоа што ни­ка­де во све­тот не по­стои со­вр­шен обра­зо­вен си­стем. По­стои нај­до­бар по одре­де­ни па­ра­ме­три, но не и со­вр­шен. Се тру­ди­ме на­ши­от да би­де уште по­до­бар, та­ка што и по­на­та­му до­бар дел од вкуп­ни­те бу­џет­ски средс­тва, но и мно­гу труд ќе би­де кон­цен­три­ран на зго­ле­му­ва­ње на ква­ли­те­тот и на стан­дар­ди­те на си­те ни­воа на обра­зо­ва­ние, на зго­ле­му­ва­ње на зна­е­ње­то и на кре­а­тив­но­ста што про­из­ле­гу­ва од не­го. Мно­гу е важ­но што обра­зо­ва­ни­е­то ве­ќе не­ма трет­ман на по­тро­шу­вач, ту­ку трет­ман на дви­га­тел на оп­штес­тве­ни­от раз­вој.

Што се про­ме­ни низ го­ди­ни­те во ова Mинистерство?
РИСТОВСКИ: Со­стој­би­те поч­наа еви­дент­но да се ме­ну­ва­ат од 2006 го­ди­на. Иде­ја­та на на­ша­та обра­зов­на по­ли­ти­ка, ко­ја то­гаш ја поч­нав­ме и сѐ уште се во­ди­ме по неа е де­ка се­кој зас­лу­жу­ва шан­са за обра­зо­ва­ние. А до ка­де ќе стиг­не и кол­ку ќе по­стиг­не за­ви­си од не­го. За таа цел, во ме­ѓу­вре­ме обра­зо­ва­ни­е­то до 18-го­диш­на во­зраст ста­на за­дол­жи­тел­но, но и бесп­лат­но. Обез­бе­див­ме бесп­лат­ни учеб­ни­ци за си­те уче­ни­ци, ка­ко и бесп­ла­тен пре­воз за уче­ни­ци­те што учат на по­ве­ќе од 2,5 ки­ло­ме­три од ме­сто­то на жи­ве­е­ње. Обез­бе­див­ме комп­ју­тер за се­кој уче­ник, ка­ко и бесп­ла­тен ин­тер­нет. Из­гра­див­ме 45 но­ви учи­ли­шта. Ре­кон­стру­и­рав­ме 350. Из­гра­див­ме но­ви 45 учи­лиш­ни спорт­ски са­ли до овој мо­мент. Отво­рив­ме но­ви др­жав­ни уни­вер­зи­те­ти, но­ви фа­кул­те­ти и дис­пер­зи­ра­ни сту­дии. Се­ри­оз­но ја на­ма­лив­ме и уни­фи­ци­рав­ме пар­ти­ци­па­ци­ја­та на др­жав­ни­те уни­вер­зи­те­ти и ги обез­бе­див­ме нај­ква­ли­тет­ни­те кни­ги и учеб­ни­ци од кои се учи на нај­ви­со­ко­ран­ги­ра­ни­те уни­вер­зи­те­ти низ све­тот. Обез­бе­див­ме мно­гу­број­ни мож­но­сти за сти­пен­ди­ра­ње, кои во ми­на­то­то не по­сто­е­ја. На­ба­вив­ме нај­со­вре­ме­ни ла­бо­ра­то­рии, од кои, дел се мул­ти­функ­ци­о­нал­ни, од­нос­но освен за пра­ктич­на на­ста­ва слу­жат и за на­уч­на и ап­ли­ка­тив­на деј­ност. Го­лем дел од сту­ден­ти­те до­би­ја ИТ-опре­ма. Пра­ктич­но, на­пра­вив­ме мно­гу за мла­ди­те, но и за по­во­зрас­ни­те, кои од ка­кви би­ло при­чи­ни не­ма­ле мож­ност да се обра­зу­ва­ат до по­са­ку­ва­ни­от сте­пен. По­ну­див­ме мож­но­сти, кои во ми­на­то­то не по­сто­е­ле, а и де­нес не се до­стап­ни во мно­гу од зем­ји­те што по­све­ту­ва­ат се­ри­оз­но вни­ма­ние на ква­ли­те­тот на обра­зо­ва­ни­е­то.

Ќе има ли но­ви­ни во на­ста­ва­та од сеп­тем­ври?
РИСТОВСКИ: Со по­че­то­кот на но­ва­та учеб­на го­ди­на ќе се спро­ве­дат не­кол­ку но­ви ра­бо­ти, за кои по­долг пер­и­од пра­вев­ме ана­ли­зи и оце­нив­ме де­ка е по­треб­но и де­ка по­стои про­стор да се спро­ве­дат, да би­дат до­бро при­фа­те­ни и да до­не­сат одре­де­ни при­до­би­вки на по­кра­ток или на по­долг рок. Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ми­на­та­та го­ди­на ста­на единс­тве­на­та зем­ја и ли­дер во ре­ги­о­нот, ко­ја го спро­ве­де еден од нај­ква­ли­тет­ни­те обра­зов­ни си­сте­ми, Кем­бриџ. Уче­ни­ци­те од пр­во до тре­то од­де­ле­ние ве­ќе ги изу­чу­ва­ат пред­ме­ти­те ма­те­ма­ти­ка и при­род­ни на­у­ки по це­лос­но но­ви на­став­ни про­гра­ми и учеб­ни­ци на Ме­ѓу­на­род­ни­от цен­тар за на­став­ни про­гра­ми на Кем­бриџ, пра­ктич­но нај­го­ле­ми­от свет­ски про­вај­дер на ме­ѓу­на­род­ни обра­зов­ни про­гра­ми и ква­ли­фи­ка­ции за де­ца на во­зраст од пет до 19 го­ди­ни, чи­и­што про­гра­ми се при­фа­те­ни во 160 зем­ји и во по­ве­ќе од 9.000 учи­ли­шта. Во но­ва­та учеб­на го­ди­на про­дол­жу­ва­ме со над­град­ба­та на оваа круп­на ре­фор­ма, од­нос­но по учеб­ни­ци­те на Кем­бриџ ќе учат и уче­ни­ци­те од че­твр­то до ше­сто од­де­ле­ние, а од 2016/2017 го­ди­на ќе би­дат оп­фа­те­ни и уче­ни­ци­те од сед­мо до де­вет­то од­де­ле­ние. Со ова, пра­ктич­но, ги ели­ми­ни­ра­ме си­те ди­ле­ми да­ли одре­ден учеб­ник или про­гра­ма е до­бра или не и да­ли со­од­вет­ству­ва на во­зра­ста на уче­ни­кот или не. Мо­рам да приз­на­ам де­ка на­ви­сти­на ми е дра­го и спо­ко­ен сум што и мо­и­те де­ца, во мно­гу ско­ро вре­ме ќе учат по овој це­лос­но нов и со­вре­мен кон­цепт. Та­ка што, оваа ре­фор­ма би ја ко­мен­ти­рал ка­ко најз­на­чај­на, иа­ко има и ни­за дру­ги…

Ка­ко вла­да при­лич­но сте по­све­те­ни на раз­во­јот на прет­при­е­маш­тво­то. Да­ли се пла­ни­ра не­што и во тој дел?
РИСТОВСКИ: По­све­ту­вај­ќи се­ри­оз­но вни­ма­ние на раз­вој на прет­при­е­мач­ки­от дух уште од нај­ра­на во­зраст, се ре­шив­ме да изра­бо­ти­ме но­ви на­став­ни про­гра­ми по пред­ме­ти­те ино­ва­ции во де­вет­то од­де­ле­ние во ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние и биз­нис и прет­при­е­маш­тво и ино­ва­ции и прет­при­е­маш­тво во сред­но обра­зо­ва­ние, со еден по­експ­ли­ци­тен и пос­ли­ко­вит при­стап од пра­кти­чен ас­пект, за што беа ан­га­жи­ра­ни струч­ња­ци и про­фе­со­ри од вел­шки­от уни­вер­зи­тет „Сент Деј­вид“ (Saint David). Се­ка­ко, врз ос­но­ва на но­ви­те на­став­ни про­гра­ми ќе би­дат обез­бе­де­ни и но­ви учеб­ни­ци. На овој на­чин прет­при­е­мач­ко­то обра­зо­ва­ние зна­чи­тел­но ќе би­де уна­пре­де­но, мо­дер­ни­зи­ра­но и ќе по­мог­не во гра­де­ње­то мла­ди­на со про­а­кти­вен и ино­ва­ти­вен на­чин на раз­мис­лу­ва­ње. Су­ми­ра­но, во де­лот на ос­нов­но­то и на сред­но­то обра­зо­ва­ние се оби­ду­ва­ме да ја прис­по­со­би­ме на­ста­ва­та кон кре­а­тив­но уче­ње, раз­мис­лу­ва­ње и ре­ша­ва­ње на проб­ле­ми­те.

Кои се при­о­ри­те­ти­те во ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние?
РИСТОВСКИ: Про­дол­жу­ва­ме со за­лож­би­те за гра­де­ње ме­ха­ни­зам што ќе го га­ран­ти­ра ми­ни­мал­ни­от ква­ли­тет на ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние, ка­ко нај­ва­жен сег­мент без чи­ја­што ус­пеш­на транс­фор­ма­ци­ја е не­воз­мож­но да се про­е­кти­ра ид­ни­на­та на зем­ја­та. Сѐ уште го кон­ци­пи­ра­ме за­ко­нот што ја ре­гу­ли­ра оваа об­ласт, а ра­бо­ти­ме и на под­го­тву­ва­ње на пре­дус­ло­ви­те за дел од ре­фор­ми­те, чи­е­што спро­ве­ду­ва­ње тре­ба да поч­не на­ско­ро. Но, тоа не зна­чи де­ка ра­бо­та­та ќе би­де за­вр­ше­на. Ге­не­рал­но, обра­зо­ва­ни­е­то е сфе­ра што не тр­пи за­стои и мо­ра во кон­ти­ну­и­тет да ги сле­ди гло­бал­ни­те про­це­си, трен­до­ви и стан­дар­ди за ква­ли­тет. Ток­му за­тоа, ка­ко што и прет­ход­но наг­ла­сив, ма­кси­мал­но сме отво­ре­ни за ди­ја­лог на нај­ви­со­ко ни­во, за разг­ле­ду­ва­ње на се­ко­ја до­бра по­ну­де­на иде­ја, за се­кој до­бар пред­лог, без раз­ли­ка кој е ини­ци­ја­то­рот. Мно­гу од спро­ве­де­ни­те ре­фор­ми се ини­ци­ја­ти­ва на уче­ни­ци, сту­ден­ти, про­фе­со­ри, ро­ди­те­ли, гра­ѓан­ски здру­же­ни­ја. Во таа на­со­ка, оче­ку­вам да про­дол­жи кон­стру­ктив­ни­от при­стап од стра­на на си­те оп­штес­тве­ни фа­кто­ри, кои це­нат де­ка мо­жат да се вклу­чат и да да­дат при­до­нес, се раз­би­ра, без по­ли­тич­ки мо­ти­ви и зад­ни­на. По­ли­ти­ка­та тре­ба це­лос­но да се от­трг­не од обра­зо­ва­ни­е­то. Осо­бе­но се го­ле­ми оче­ку­ва­ња­та за по­а­ктив­на вклу­че­ност на сту­ден­ти­те и на про­фе­со­ри­те со кои мо­ра да се оби­де­ме да ги при­ме­ни­ме единс­тве­но по­зи­тив­ни­те до­се­гаш­ни искус­тва и пра­кти­ка и да ги от­стра­ни­ме не­га­тив­ни­те. Уна­пре­ду­ва­ње­то на обра­зо­ва­ни­е­то мо­ра да би­де на­ша за­ед­нич­ка, но и единс­тве­на цел.

Во август поч­ну­ва­ат упи­си­те на фа­кул­те­ти­те… Што би ги со­ве­ту­ва­ле ма­ту­ран­ти­те што ќе про­дол­жат да се обра­зу­ва­ат?
РИСТОВСКИ: Во су­шти­на, ин­фор­ма­ци­и­те за мож­но­сти­те за вра­бо­ту­ва­ње и за за­ра­бо­тка, ка­ко и за на­пре­док во ка­ри­е­ра­та и за лич­но за­до­волс­тво од ра­бо­те­ње­то тре­ба да би­дат ос­но­ва при из­бо­рот на на­та­мош­но­то обра­зо­ва­ние на се­кој по­е­ди­нец. Тоа зна­чи де­ка ид­ни­те сту­ден­ти тре­ба да се ори­ен­ти­ра­ат спо­ред ре­ал­ни­те по­тре­би и мож­но­сти на па­за­рот на тру­дот. Од­нос­но, и овој пат вни­ма­ни­е­то тре­ба по­ве­ќе да би­де на­со­че­но кон тех­нич­ки­те стру­ки за­тоа што, ре­ал­но, тие се де­фи­ци­тар­ни и ну­дат мож­ност за по­ед­но­став­но и по­бр­зо обез­бе­ду­ва­ње ра­бо­тен ан­гаж­ман, осо­бе­но во пер­и­од ко­га на­ша­та зем­ја е ли­дер во ре­ги­о­нот спо­ред бро­јот на стран­ски ин­ве­сти­ции по жи­тел. А ин­ве­сти­то­ри­те, збо­ру­вам ге­не­рал­но, не са­мо стран­ски­те, ту­ку и до­маш­ни­те, на­ви­сти­на, се со­о­чу­ва­ат со не­до­стиг од стру­чен ка­дар.

Се пла­ни­ра ли не­ко­ја но­ва ин­ве­сти­ци­ја во обра­зов­на­та ин­фра­стру­кту­ра?
РИСТОВСКИ: Во­о­би­ча­е­но за Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние и за на­у­ка, лет­ни­от пер­и­од е при­лич­но ра­бо­тен. Име­но, ние ве­ќе нај­а­вив­ме ре­кон­струк­ци­ја и са­на­ци­ја на вкуп­но 45 ос­нов­ни и сред­ни учи­ли­шта, ка­де што има­ше по­тре­ба од одре­де­на гра­деж­на ин­тер­вен­ци­ја. Ак­ци­ски­от план це­лос­но ќе се за­о­кру­жи не­ка­де до по­че­то­кот на след­на­та го­ди­на. Во тек е из­град­ба­та на ед­но но­во учи­ли­ште во Са­рај, а на­ско­ро ќе поч­не и из­град­ба­та на уште еден об­јект во Ки­се­ла Во­да. Број­ка­та од вкуп­но 45 из­гра­де­ни це­лос­но но­ви учи­лиш­ни спорт­ски са­ли се оче­ку­ва да ја зго­ле­ми­ме со до­пол­ни­тел­ни де­се­ти­на но­во­из­гра­де­ни во след­ни­от пер­и­од. Во фа­за на прис­по­со­бу­ва­ње е дел од ка­сар­на­та во Охрид, за по­тре­би­те на та­мош­ни­от др­жа­вен уни­вер­зи­тет. Во тек е и по­стап­ка за из­бор на из­ве­ду­вач на гра­деж­ни­те актив­но­сти за из­град­ба на об­је­кти­те на два фа­кул­те­ти, ФИНКИ и Фа­кул­те­тот за фи­зич­ка кул­ту­ра, здрав­је и спорт. Исто та­ка, етап­но се од­ви­ва и ре­кон­струк­ци­ја­та на сту­дент­ски­от дом „Го­це Дел­чев“, ка­де што при­вр­шу­ва те­мел­на­та ре­кон­струк­ци­ја на бло­кот Б, ка­ко при­о­ри­те­тен и ка­де што по­ра­ди за­бр­зу­ва­ње на про­це­сот, со ре­ба­лан­сот на бу­џе­тот до­бив­ме до­пол­ни­тел­ни 60 ми­ли­о­ни де­на­ри, ка­ко и 220 ми­ли­о­ни де­на­ри за ре­кон­струк­ци­и­те на учи­ли­шта­та. Тоа е по­твр­да де­ка и уна­пре­ду­ва­ње­то на обра­зов­на­та ин­фра­стру­кту­ра оста­ну­ва еден од врв­ни­те при­о­ри­те­ти на Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top