Непојавувањето на турнејата низ САД го чини Анхел Ди Марија околу пола милион евра!
Менаџерот на Манчестер Јунајтед јасно стави до знаење на прашањето каде се наоѓа Анхел Ди Марија бидејќи тој не опатува со тимот, односно не се појави во тренинг центарот.
Ван Гал кратко одговори, никој не знае дека е! За овој потег тој ќе биде казнет во висина од двенеделна плата што е вообичаено во Англија поради ваков прекршок, нешто слично како и неговиот сонародник Карлос Тевез по кавгата со менаџерот Роберто Манчини во Манчестер Сити.
Аргентинскиот репрезентативец поднесе барање за трансфер по само една година помината на „Олд Трафорд“ по очајната сезона откако ги засили редовите од Реал Мадрид за неверојатни 75 милиони евра. Тој сака да се пресели во ПСЖ како и минатата сезона, но поради финанскиот ферплеј тоа не беше возможно.
Во следните 48 саати, откако ќе се финализираат преговорите Ди Марија се очекува да се појави во Париз и да започне нова одисеја во неговата кариера.
Историјата се повторува, тој го напушта Манчестер со наведната глава и без поздрав со неговите соиграчи, тренери и навивачи, истото што го направи и кога го напушташе Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.