Во Владимирово денеска почнува тридневна манифестација „Владимирски илинденски средби“.
Организаторот на манифестацијата – Здружение Владимирски илинденски средби, најавува богата културно-уметничка и забавна програма. На вториот ден од манифестацијата ќе се одржува илинденски турнир во мал фудбал.
Оваа година, ќе се отвори и постојана изложба под името „Културно историска одаја – огледало на владимирската гордост“, на која ќе бидат претставени документи, предмети, книги и фотографии, кои говорат за историјата и за потенцијалите на село Владимирово, кое го носи епитетот – село на учени луѓе.
Централниот настан е одбележувањето на Илинден, кое, традиционално, со години, на 2 август, се одвива на блискиот рид Шилеви Оградни.
Присутните ќе се запознаат со ретките обичаи на овој крај како домашни „прекадени“ погачи, кои се делат за здравје, и традиционален илинденски ручек – курбан готвен на ридот од рани утрински часови, во котли на дрва.
Денот почнува со свечена архиерејска литургија во малата црква „Св Илија“, а завршува со најголемото оро во Малешевијата под звуците на зурли и тапани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст