Специјализираниот портал за временска прогноза Метеопро најавува дека утре ќе биде посвеж ден, особено во северната половина од земјата. Услови за локална нестабилност ќе има во повисоките делови на крајниот исток од земјава, а развој на купесто-дождовна облачност ќе има и околу Шара, со можност истата да се префрли кон скопскиот регион. Ќе дува слаб до умерен, претежно северен ветер.
Максималната температура во севернот дел од земјава ќе има вредност околу 34°С, на југоисток околу 36°С, Пелагонија до 35°С, а Охрид и Преспа околу 33°С. УВ индекс: 9
Во Скопје ќе биде сочнево преку ден, а попладне ќе има услови за повремен дожд проследен со грмежи и ветер. Највисоката дневна температура ќе достигне вредност околу 34°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.